Синот на некогашна НБА ѕвезда се наоѓа во кома по сообраќајна несреќа

Илајџа Аринас, син на поранешниот НБА Ол стар игра, Гилберт Аринас се наоѓа в болница во кома, по тешка сообраќајна несреќа.

Сообраќајката се случила во текот на вчерашниот ден, младиот Аринас доживеал тешки повреди и докторите се борат за неговиот живот поради што и го водат во индуцирана кома. Неофицијално, Илајџа со возилото удрил во дрво или хидрант откако ја загубил контролата над возилото по што автомобилот се запалил.

Алајџа е средношколец и за својот школски тим просечно постигнува по 33 поени и 8,6 скока. Со оглед на тоа што е матурант, идната сезона треба да се пресели на Универзитетот Јужна Калифорнија со кого веќе потпишал договор.