
Вардар ја освои Битола, па направи победничко селфи со „Комити“ (ФОТО)
„Црвено-црните“ го совладаа бранителот на титулата Пелистер со гол во последната секунда и се во одлична ситуација во пресрет на вториот круг од плејофот.
Големиот успех беше соодветно прославен, во испразнетата сала „Боро Чурлевски“ во Битола, по завршувањето на мечот, „вардарци“ си направија селфи со своите најверни навивачи.