Лазаров е страшен мајстор – од седмерец изведе „ракометна паненка“ (ВИДЕО)

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е ракометен мајстор на кого цел светс едноставно му се поклонува. Кире денеска против Русија даде осум гола, повторно беше предводник на Макеоднија, но не успеа да се израдува на нова победа.

Ако во поразот со 28-30 покрај одличните интервенции на голманот Никола Митревски, потег на денот беше последниот седмерец за Макеоднија. Лазаров со мајсторија погоди – еден вид „ракометна паненка“. На крајот спортски му се извини на голманот на Русите, зашто не сакаше да го понижи.