Челси ќе ги казнува своите навивачи расисти со – посета на Аушвиц

Лондонскиот премиерлигашки гигант Челси е еден од клубовите кој има најголем проблем со расистите меѓу навивачите, а во минатото дел од најозогласените хулигански групи на „сините“ биле следбеници на нацистите и Адолф Хитлер. И сега на „Стемфорд бриџ“ решија поинаку да се борат со расистите, па казните со забрани за присуство ќе ги заменат со едукациско патување во – Аушвиц.

Газдата на Челси е рускиот милијардер Роман Абрамович, кој е евреј по потекло и тој ја донел одлуката за посебен начин за битка против антисемитизмот меѓу навивачите. Сега, секој расист на трибините ќе има избор – дали да оди во Аушвиц и да се едуцира или да ја загуби сезонската влезница.

„Ако само ги казните, нивното однесување никогаш нема да го смените. Сега политиката е да им понудиме шанса, да го запознаат пеколот кој го величаат или веќе да не се појават на трибините. Изборот ќе биде нивни. Порано, за секој прекршок ќе ги казневме, 'суспензија' три недели, еден месец... Сега тие ќе имаат шанса да увидат каде згрешиле“, велат од Челси.

Делегација на Челси април годинава присуствуваше на на маршот на преживеаните од Аушвиц, а во јуни 150 навивачи го посетија злогласниот концентрационен логор за време на Втората светска војна, во кој секојдневно беа убивани илјадници Евреи.