На цел свет паметот му е само во фудбал: Најпознатиот порно-сајт има неверојатен пад (ФОТО)

Цел месец фудбалските возбудувања на 21-то Светско првенство во Русија беа во преден план во светот, па најважната споредна работа на светот стана барем во овие 31 ден најважна работа за целиот свет.

Доказ меѓу другото е најпопуларниот порно-сајт „Порн Хуб“, кој се пофали дека има неверојатен пад на посетеноста, во некои земји и за 50 отсто. Посебно во земјите кои настапуваа на Мундијалот во Русија.

Така во Сенегал, кој само поради жолтите картони не стигна до осминафиналето, падот на посетата е 47 отсто, во Иран тој пад бил 45 отст, а на Исланд дури – 42 отсто. Во врвот е и Хрватска, чии граѓани важат за многу активни посетители на оваа страница, но сега падот е 40 отсто.