Американецот Вилсон повторно ќе игра за Пелистер!

Пелистер потврди уште едно засилување за следната сезона, а тоа е американскиот плејмејкер Си-Џеј Вилсон кој се враќа во Битола.

По шест месеци поминати во Шведска, Вилсон реши повторно да го облече дресот на битолчани и да потпише едногодишен договор.

Вилсон претходно играше и за македонскиот тим Кожув, но и во Полска каде што со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец за својата екипа.

Американецот има големо интернационално искуство бидејќи настапуваше и во Романија, Албанија и БиХ.

Фото: КК Пелистер Битола/Facebook