Официјално: Дибала потпиша нов договор со Рома (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Рома соопшти дека постигнале договор со Пауло Дибала за продолжување на соработката до 30 јуни 2027 година.

Претходниот договор на Дибала заврши пред две недели, меѓутоа искусниот фудбалер реши да ги продолжи преговорите со „Волчицата“ и постигна нова соработка.

Дибала игра за Рома од 2022 година, откако претходно седум години го носеше дресот на Јувентус, а играше и за Палермо и Институто.

Фото: AS Roma