Македонска ракометарка ќе игра во Франција, потпиша за прволигашот Париз!

Maкедонската ракометарка Марија Јанкуловска следната сезона ќе игра во Франција каде што ќе го носи дресот на прволигашот Париз 92.

Јанкуловска во Париз се сели од редовите на Ѓорче Петров и овој ангажман за неа ќе биде прв надвор од Македонија.

Кариерата 20-годишната ракометарка ја почна во Пелистер, а беше дел уште и од Металург. Со Ѓорче Петров успеа да дојде и до двојната круна во Македонија.

„Навистина сум возбудена што се приклучувам на Париз, едвај чекам да ги запознаам сите во клубот и да почнам со работа. Верувам дека со напорна работа можеме да напредуваме и да постигнеме големи работи следната сезона“, изјави Јанкуловска за клупскиот сајт.