Англиските навивачи пред бркање од СП 2026 поради пцуење на Доналд Трамп (ВИДЕО)

Англиските навивачи кои отпатуваа во САД би можеле да бидат отстранети од трибините до крајот на СП 2026, поради истакнување транспаренти со политички пораки и навредливи скандирања кои се косат со строгите правила на ФИФА.

Предупредувањето доаѓа во пресрет на преостанатите настапите на селекцијата на Англија во групата Л, каде што избраниците на Томас Тухел веќе ја совладаа Хрватска со 4-2, а ги очекуваат уште натпревари против Гана и Панама. Според британските медиуми, дел од англиските навивачи во изминатите денови пееле навредливи песни упатени кон британскиот премиер Кир Стармер, а слични скандирања биле забележани и во баровите во Далас. На мета на навивачите се нашол и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тој е дебел, има хемороиди, тој е во досиејата на Епштајн – Трамп е пи*ка!“, пееја навивачите на Англија.

Поради ова, организаторите и ФИФА испратија јасна порака дека таквото однесување нема да биде толерирано. Мундијалските правила предвидуваат натпреварите да бидат целосно ослободени од политички пораки, а забрането е внесување транспаренти, знамиња и облека со содржина што може да се смета за навредлива, дискриминаторска или политички мотивирана. Кодексот на однесување исто така забранува користење навредлив јазик и гестови на трибините. Покрај песните, проблем предизвикаа и дел од навивачките знамиња. Неколку англиски навивачи не добиле дозвола да внесат знамиња со крстот на Свети Ѓорѓи на кои биле прикажани британски војници, бидејќи силуетата на војник со пушка е спротивна на безбедносните и организациските правила на ФИФА.