Се „загрева“ атмосферата пред стартот на СП: Мексиканците доминираат низ улиците (ВИДЕО)

Вечерва од 21 часот ќе се соочат Мексико и Јужна Африка на почетокот на Светското првенство (СП), а навивачите се појавија низ улиците со различни кореографии и станаа сензација на социјалните мрежи.

Мексиканците се потрудија да бидат главна тема пред почетокот на турнирот и тоа го заслужија со нивните кореографии.