Пресврт: Касемиро не оди во Лос Анџелес, избрал друг клуб!

Искусниот бразилски фудбалер од средниот ред Касемиро го избрал Интер Мајами пред ЛА Галакси како свој следен клуб.

Како што јавуваат медиумите во САД, тимот од Флорида му нуди тригодишен договор, а неговото доаѓање како слободен играч е планирано за вториот преоден рок во МЛС, кој се отвора на 13 јули.

Сепак, компликација претставува внатрешната административна процедура во лигата. ЛА Галакси има поднесено барање за „права на откривање“ (discovery claim) за Касемиро, што им дава приоритет во преговорите со играчот.

Станува збор за ист механизам што Шарлот се обиде да го искористи кај Марко Ројс пред две години, но на крајот изгуби откако Лос Анџелес плати 400.000 долари за да ги откупи тие права.

Се очекува Интер Мајами сега да го следи истиот пат или преку размена или со плаќање за да ги отстрани правата на ЛА Галакси, со што би се овозможило играчот да потпише за клубот за кој веќе се има одлучено.

Фото: Manchester United