Пелистер ремизира против Тиквеш и го чека бараж за опстанок во елитата

Фудбалерите на Тиквеш и Пелистер одиграа нерешено (2-2) во претпоследното коло на Првата лига, по што стана јасно дека битолчани ќе играат бараж за опстанок во елитата.

Кристијан Ацковски го постигна првиот гол за екипата од Кавадарци во 24. минута, а потоа Н’Фанли Сила зголеми на 2-0 за Тиквеш.

Пелистер почна да се буди во второто полувреме, а Мирко Ивановски намали на 1-2 во 73. минута, по што битолчани набрзо постигнаа и втор погодок за 2-2.

Битолчани имаа шанси и за трет гол и пресврт против Тиквеш, но не успеаја да стигнат до победата, што значи дека ќе играат бараж за опстанок во елитата.

На останатите натпревари, Работнички со 7-0 го прегази Шкупи, а Башкими и Македонија ЃП одиграа нерешено (3-3).

Standings provided by Sofascore