Пелистер победи во Скопје и поведе против ТФТ во борбата за трето место
Пелистер беше подобар противник во најголем дел од натпреварот и од самиот старт имаше водство, а на пауза замина со 57-48.
Во второто полувреме избраниците на Боро Смилковски не успеаја да се вратат во мечот, битолчани продолжија да бидат подобриот тим на теренот се до завршницата. Најмногу што направи ТФТ беше да се доближи на четири разлика (72-68 за пресврт немаа сили.
Ленгстон Вилсон со 27 беше најефикасен, Џекинс додаде еден помалку, додека кај поразениот состав Гордон се издвои со 21 поен.
На вториот натпревар домаќин е Пелистер и тој се игра в среда од 19:00 часот.