Керик на големи маки - со само еден стопер пред дуелот со Челси

Мајкл Керик и неговиот тим помошници пристигнаа во Лондон за гостувањето на „сините“ со голема главоболка во врска со тоа како да ја закрпат одбраната во еден од најважните дуели во сезоната.

Манчестер Јунајтед доаѓа на судирот на Стемфорд Бриџ како третопласиран, со седум бода предност пред шестопласираниот Челзи, но со само еден здрав дефанзивец, па Керик ќе мора да бара решение за новата ситуација.

Познато е дека Лисандро Мартинез, кој штотуку се врати на теренот, беше исклучен во минатото коло против Лидс поради влечење коса на Доминик Калверт-Луин. Аргентинецот со тоа автоматски доби суспензија, а од истата причина, искусниот Хари Мегваер нема да биде во тимот.

Англискиот репрезентативец беше исклучен на натпреварот против Борнмут, а потоа му беше продолжена суспензијата за уште еден натпревар поради наводно пцуење на четвртиот судија, оставајќи го Јунајтед без двајца од своите најискусни дефанзивци. Матијас де Лихт е надвор од терените од крајот на ноември поради повреда на долниот дел од грбот, па се очекуваше младите Лени Јоро и Ајден Хејвен да започнат на позицијата централен бек за натпреварот во Лондон. Сепак, тоа нема да биде можно, бидејќи Јоро се повреди на последниот тренинг пред натпреварот.

Керик е оставен со дилема - дали треба да го стави искусниот Лук Шо, кој претходно играше на таа позиција, но во одбраната на тројката, покрај Хејвен, кој сè уште не одиграл цел натпревар откако Рубен Аморим си замина? Или треба да го доведе Нусаир Мазрауи да го замени Јоро? Во секој случај, тоа ќе биде болно место за тимот од Олд Трафорд. Дилемата останува кој ќе биде во средината ако Коби Маину не е подготвен да игра од самиот почеток, па затоа Керик мора да реши доста загатки во незгодно време.