Навивач на Ковентри чекаше 25 години... и дочека

Постои неверојатна приказна зад промоцијата на Ковентри во Премиер лигата. Приказна за човек кој безмалку третина од својот живот чекал на овој момент.

Неговото име е Џон Мулани, познат од навивачите како „Човекот со банери“. Во 2001 година, кога Ковентри испадна од Премиер лигата на Вила Парк, тој држеше транспарент на кој пишуваше: „Ќе се вратиме“ Како секој вистински навивач чија љубов кон еден клуб никогаш не бледнее, тој постојано беше присутен и покрај неуспесите на клубот.

Во 2012 година, Ковентри испадна од Чемпионшип. Чекањето стана уште подолго. Потоа, во 2017 година, работите дополнително се влошија бидејќи испаднаа од Лига Еден во Лига Два. Но, следната година, надежта се врати кога експресно се врати во Лига Еден.

Две сезони подоцна, Ковентри дојде до Чемпионшип по уште една промоција. И сега, по 25 години чекање, со доживотниот навивач Џон Мулани како сведок, зборовите конечно му се остварија на негови 69 години.

Ковентри се врати во Премиер лигата!