Играч на Милвоки открива: Во НБА има завера против Јокиќ
Кандидати се Никола Јокиќ, Шеј Гилгес Александар и Виктор Вембанјама. Од различни страни доаѓаат гласини дека наградата ќе му припадне на Канаѓанецот, без оглед на фактот дека статистиката е на страната на Јокиќ. Српскиот кошаркар има трипл дабл просек прв е во лигата по асистенции (10,9) и скокови (12,9), а седми по просек на поени (27,7) и има убедливо најдобар индекс на корисност.
Сето ова очигледно не е доволно за Јокиќ да ја освои наградата за МВП по четврти пат. Асот на Милвоки, Боби Портис, јасно го опиша тоа.
„Во НБА има е заговор против Јокиќ. Не сакаат да гласаат за него бидејќи тој веќе има три награди и никој не сака да му даде четврта. Никола Јокиќ апсолутно го заслужува признанието“, вели Портис.
Повеќе од три МВП награди во историјата на НБА лигата имаат само петмина кошаркари: Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен по четири, Мајкл Џордан и Бил Расел по пет и рекордерот Карим Абдул Џабар шест.