Палмер: Се смеам кога читам дека ќе потпишам за Јунајтед!
Палмер е од Манчестер, а во Челси дојде од Сити каде што немаше идеална разделба. Па евентуално негово враќање во родниот град се верува дека би било на Олд Трафорд.
„Сите само зборуваат. Кога ќе ги видам шпекулациите за мое враќање, само се смеам. Јасно е дека Манчестер е мојот дом. Целата фамилија ми е таму, но не ми недостасува. Немам планови да си заминам од Челси“, рече Палмер.
„На иста страна сме со клубот, сакаме да освојуваме. Мислам дека доколку се засилиме правилно на лето, можеме да се бориме за големи трофеи следната сезона. Не мислам дека сме далеку од другите“.