Ристовски со прекрасен гол донесе водство за Бохемијанс! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски го отвори резултатот на мечот од чешкото првенство меѓу Острава и Бохемијанс.

Нашиот напаѓач на овој меч има улога во средниот ред на Бохемијанс, а тоа му овозможи да се најде во ситуација да постигне гол од далечина и многу успешно искористи. Македонецот постигна одличен погодок.

За Ристовски ова е втор гол оваа сезона.