Голема победа за Пелистер, Македонија ЃП е многу блиску до Втора лига! (ВИДЕО)
Пелистерци тргнаа офанзивно уште од првата минута на натпреварот, но гостите од Ѓорче Петров одлично се бранеа и се обидуваа преку контри да го загрозат голот на битолчани.
Во првиот дел беа создадени неколку шанси, но мрежите не беа затресени, клучните моменти се случија во вториот дел.
По четири минути игра Мирко Ивановски постигна гол за водство на Пелистер од 1-0.
Течеше 72. минута кога Милан Србијанац постигна прекрасен погодок од далечина за конечни 2-0.
По 28 одиграни кола Македонија ЃП остана на претпоследната позиција, но сега има четири бода помалку од Пелистер кој е на место кое носи бараж.