Хофенхајм ја урна Борусија, Баерн веќе може да почне да слави (ВИДЕО)
Резултатот го отвори Крамариќ во 41-та минута, гостите дури во 87-та минута преку Гираси стигнаа до израмнување, сепак ниту тоа не беше доволно барем за бод. Се играше осмата минута од судиското продолжение кога Крамариќ и вторпат погоди за победа на домашниот состав.
Не победи денеска и Леверкузен кој исто така со 2-1 загуби од Аугусбург, но на свој терен. Со овој пораз домаќините останаа со се помали шанси за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
На останатите две средби Вердер со 3-1 го совлада ХСВ, додека Волфсбург на гости против Унион Берлин се радуваше со 2-1.