Тежок пораз во Унгарија, фудбалерките се враќаат со „седмица“!

Maкедонската женска фудбалска репрезентација забележа убедлив пораз и во вториот натпревар против Унгарија во Лига на Нации, денеска на гости бевме поразени со 7-0.

Доминираа домаќините од самиот почеток на средбата, а резултатот беше отворен со гол на Мајер во 21-та минута, додека во 35-тата минута Панева си постигна автогол. Со два гола во нашата мрежа се замина и на паузата.

Само што почна вториот дел Унгарките набрзина преку Папаи и уште еднаш Мајер зголемија на 4-0. До крајот за конечните 7-0 стрелаа уште Кајан, Наги и Савајана.

На табелата Македонија е трета во групата со три бода од дуелот со Андора, а покрај двата дуели со Унгарија загубивме и од Азербејџан. Ќе потсетиме, во Битола пред четири дена Унгарија славеше со 5-0.