МЗТ прокоцка плус 16 за пораз од ТФТ и збогување со првото место пред плејофот!
Тимот од Тафталиџе осоколен од успехот во втората АБА лига, во домашното првенство го победи и актуелниот шампион МЗТ Скопје благодарение на одлична игра во последната четвртина.
МЗТ копје добро го почна натпреварот и ја доби првата четвртина со 26-20, но во вторите десет минути се променија работите, ТФТ заигра подобро и го сврте резултатот. На одморот се замина со предност за домаќинот од 43-41.
Аеродомци одиграа фуриозна трета четвртина во која постингаа дури 34 поени, а на почетокот од оследниот период имаа и највисоки 16 поени предност, беше 77-61. Но, потоа следуваше неверојатен пад. ТФТ влезе во ритам и почна да ја топи негативата, во финишот го сврте резултатот, а во драматична завршица со тројка на Ташовски во последните секунди дојде до победа од 93-91.
Најефикасен на мечот беше токму Ташковски со 27 поени, Гордон реализираше 19. Кај МЗТ Скопје Смит и Војдан Стојановски постигнаа по 18 поени.