Ниту еден клуб во Европа не го сака Винисиус Жуниор!

Новинарот Ромен Молина вели дека ниту еден клуб во Европа не сака да го ангажира Винисиус Жуниор и покрај тоа што неговите агенти направиле се – никој не загризал посериозно, дури ниту Челси.

Винисиус Жуниор е под договор со Реал Мадрид до јуни 2027, и покрај тоа што двете страни јавно кажуваат дека сакаат соработката да продолжи, преговорите тапкаат во место и зад сцената се случуваат други работи.

Агентите на Бразилецот се обидуваат да го опипаат пулсот на гигантите ширум Европа, но како што пренесува новинарот Ромен Молина, во моментов ниту еден клуб од Стариот континент не сака да го ангажира Винисиус Жуниор.

Тој открива дека агентите пробале се за да обезбедат понуди, но нема никаков интерес, дури ниту Челси (клуб кој потроши преку 2 милијарди во последните неколку години) не сака да го купи напаѓачот.

Како одговор на еден корисник на „Икс“, новинарот даде дополнително објаснување.

„Кој ќе му даде годишна плата од 30 милиони евра, плус богат бонус за потпис, плус провизија за неговите агенти? Дури и во Саудиска Арабија не се брзаат бидејќи сумата која ја имаат побарано агентите, плус и паразитите кои сакаат да профитираат, е многу, многу поголема. Реал Мадрид не сака, а и не можеме да им го даде тоа што го бараат“ – објаснува Молина.