Атлетико ако се пласира во финалето на ЛШ, ќе има - непредвидена главоболка!

Атлетико Мадрид има уште една пречка на патот до големото финале од Лигата на шампионите кое оваа година ќе се игра во Будимпешта, а шпанските медиуми сега потсетуваат на еден момент кој очигледно не го предвиделе во клубот.

Ако Атлетико игра во финалето во Будимпешта, во една нормална ситуација, стадионот во Мадрид, „Ванда Метрополитано“ ќе беше отворен за навивачите кои ќе останат во Шпанија и дуелот ќе се гледаше на големи бимови.

Тоа е нешто кое во последно време го прават речиси сите финалисти.

Но, на тој ден има закажано концерт на Бед Бани, тоа е еден од неговите 10 концерти во Мадрид.

Истото на Атлетико му се има случено и пред десет години кога Пол Мекартни имаше концерт на Висентe Калдерон за време на финалето од Лигата на шампионите во 2016 година.

Атлетико тогаш изнајми друг стадион за да ги собере фановите на едно место, а можеби истото ќе треба да го направат и овојпат.