ЖРК Ѓорче Петров го преслуша Пелистер за ново финале во купот
Фаворитот тргна сигурно од самиот старт и предноста растеше од минута во минута, победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Стефанија Ѓорѓиевска се истакна во победничкиот состав со девет гола, додека на спротивната страна по три постигнаа Елмазовска, Бундоска и Тодоровска.
Второто полуфинале во женска конкуренција во салата „Парк“ во Струмица се игра вечерва од 20:00 часот и во него силите ќе ги одмерат екипите на Спартак и Чаир.
Финалето во кое ракометарките на Ѓорче ќе ја браната титулата е закажано в недела во терминот од 17:00 часот.