Маџари преку драма до голема победа над Тиквеш
Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и по првиот период водеше со 28-22, добриот ритам на тимот од Кавадарци продолжи и во втората четвртина, па така на одмор заминаа со десет поени предност 51-41.
Второто полувреме играта на Маџари се промени, посебно во финишот кога успеаја целосно да се вратат во натпреварот и да направат пресврт. Резултатот го израмнија на 93-93, за во продолжение да бидат подобри во клучните моменти и да излезат како победници од драмата.
Најефикасни на натпреварот беа Џејвон Грин од Маџари со 27 поени и Квинтон Минси од спротивниот табор со ист број на поени.