Пелистер во финишот го скрши Кожув и славеше во Гевгелија

Кошаркарите на Пелистер славеа победа на гости кај Кожув со 95-85 во рамките од второто коло во плеј-офот.

Натпреварот донесе одлична кошарка и голема борба, а на крајот битолскиот состав и заслужено дојде до победата.

Кожув беше подобар на стартот и во еден момент водеше со 17-8, меѓутоа по првиот период Пелистер водеше со 24-20. Подобрата игра на битолчани продолжи и во втората четвртина, сепак Кожув не дозволи премногу да заостане, па до паузата се врати на само еден негатива 46-47.

Второто полувреме донесе исто така неизвесност, двете екупи имаа свои моменти, сепак домаќините како да загубија сили во финишот, па Пелистер во завршницата го скрши натпреварот и дојде до победа.

Брајан Буен беше најефикасниот со 22 поени, додека на спротивната страна Никола Малешевиќ постигна поен помалку.