Не помогна ниту магијата на Чави Симонс, Тотнем остана во опасната зона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотнем беа на чекор по 14 натпревари без триумф конечно да слават во Премиер лигата, но на крајот одиграа реми со Брајтон 2-2.

Не помогна за Тотнем ниту одличниот настап на Чави Симонс кој асистираше за првиот погодок и го постигна вториот. Резултатот по асистенцијата на Симонс го отвори Педро Поро во 39-тата минута, додека Брајтон во финишот од првиот дел се врати преку Митома.

Се играше 77-тата кога Симонс се сам направи, шутираше и на спектакуларен начин успеа да погоди, меѓутоа во петата минута од судиското продолжение Рутер ги постави конечните 2-2.

Со ова реми Тотнем останува во опасната зона на 18-тата позиција со 31 бод и бод помалку од Вест хем кој има и натпревар помалку.