Интер в недела може да стане нов шампион на Италија
На пет кола пред крајот на сезоната, „нераѕурите“ веќе имаат 12 бода предност во Наполи и постои можност идната недела, на 26 април, да ја освојат шампионската титула. Тоа е во доменот на теоријата во моментов бидејќи за да се случи такво нешто, Наполи не треба да го победи Кремонезе, Милан да не победи утре против Верона или во следното коло со Јувентус, а Интер да го победи Торино на гостински терен.
Сепак, без разлика на тоа, Интер се решава сам и потребни му се четири бода за официјално да стане шампион на Италија.