ЛШ сѐ поблиску: Јунајтед го победи Челси и се бетонира на третото место (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед направи голем чекор кон пласманот во во Лигата на шампионите откако вечерва славеше на Стемфорд Бриџ против Челси со 1-0.

„Сините“ се директен ривал за место во елитното европско натпреварување, но по денешниот пораз остануваат далеку од конкуренција бидејќи заостануваат четири бода во однос на Ливерпул, со натпревар повеќе. Ова беше четврти пораз по ред за Челси кој последен пат забележа победа на 4 март.

Голот за победа на Јунајтед го постигна Куња во 43. минута и тоа се покажа како единствен директен шут на гостите на овој натпревар. Фудбалерите на Челси уопатија дури 21 шут, но само три во рамките на голот на Јунајтед.