Ефектен гол на Деспотовски, прв оваа сезона! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Деспотовски денеска го постигна својот деби гол во дресот на ОФК Белград во натпреварот против Нов Пазар.

Деспотовски беше стрелец на првиот гол средбата во 23-тата минута кога донесе предност за својот тим.

До крајот гостите беа далеку подобар противник и славеа победа од 5-1.