Играч на Милвоки открива: Во НБА има завера против Јокиќ

По завршувањето на второто коло од плејофот на НБА, ќе биде познат МВП на регуларната сезона на најсилната кошаркарска лига во светот.

Кандидати се Никола Јокиќ, Шеј Гилгес Александар и Виктор Вембанјама. Од различни страни доаѓаат гласини дека наградата ќе му припадне на Канаѓанецот, без оглед на фактот дека статистиката е на страната на Јокиќ. Српскиот кошаркар има трипл дабл просек прв е во лигата по асистенции (10,9) и скокови (12,9), а седми по просек на поени (27,7) и има убедливо најдобар индекс на корисност.

Сето ова очигледно не е доволно за Јокиќ да ја освои наградата за МВП по четврти пат. Асот на Милвоки, Боби Портис, јасно го опиша тоа.

„Во НБА има е заговор против Јокиќ. Не сакаат да гласаат за него бидејќи тој веќе има три награди и никој не сака да му даде четврта. Никола Јокиќ апсолутно го заслужува признанието“, вели Портис.

Повеќе од три МВП награди во историјата на НБА лигата имаат само петмина кошаркари: Леброн Џејмс и Вилт Чембрлен по четири, Мајкл Џордан и Бил Расел по пет и рекордерот Карим Абдул Џабар шест.