Првпат по речиси три децении - ЗОИ без ниту еден допинг-скандал!

За првпат по 28 години, потврдено е дека ниту еден спортист не користел забранети супстанци на Зимските олимписки игри во Италија, кои се одржаа од 6 до 22 февруари.

За време на Игрите биле собрани повеќе од 3.000 примероци од речиси 2.000 спортисти, а досегашните анализи не регистрирале ниту еден прекршок на антидопинг правилата.

Ова се првите Зимски олимписки игри по оние во Јапонија во 1998 година на кои нема позитивен допинг тест за време на самото натпреварување. Сепак, фактот што досега нема позитивни резултати не значи дека такви нема да се појават и во иднина.

Примероците од спортистите се чуваат во период од 10 години, со цел да се овозможи дополнително тестирање кога ќе се појават нови, понапредни методи.

Тоа значи дека сè уште е рано Игрите во Италија да се прогласат за „најчисти“ во историјата.