Тензично беше во Охрид, судиите го налутија Лазаров! (ВИДЕО)

Дербито помеѓу Охрид и Алкалоид денеска заврши без победник 27-27, а во него видовме и многу тензија по неколку судиски одлуки на арбитрите Божиновски и Начевски.

Во еден момент од првото полувреме, Лазаров не можеше да се помири со нивната одлука, па бурно реагираше поради што во салата се слушнаа и свирежи од трибината.

Сепак, треба да се каже дека Божиновски и Начевски, навистина во неколку ситуации и не беа на потребното ниво. По крајот на дуелот, Лазаров иако претходно беше бесен спортски се поздрави.