Превц дисквалифкуван, пропушти да стане рекордер!

Словенечкиот скијач скокач Домен Превц беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти.

Превц славеше со скок од 129 метри, оставајќи го зад себе второпласираниот Германец Филип Раимунд за речиси десет поени, но победата му беше одземена по контрола на опремата.

Причината за дисквалификацијата беа скиите, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното. Според правилата, должината на скиите зависи од телесната тежина на натпреварувачот, а строгата контрола утврди дека Превц бил премногу лесен за скиите кои ги користел, што доведе до автоматско поништување на резултатот.

Иако веќе обезбеди Голем кристален глобус за вкупната победа во сезоната, дисквалификацијата му ја одзеде шансата за поставување апсолутен рекорд. Победата во Лахти ќе му беше седма последователна, со што ќе станеше апсолутен рекордер. Сега останува на шест последователни победи, со што го дели рекордот со уште неколку скијачи.

Фото: EPA