Пелистер се договорил со Израелец од Романија!
Според информациите на романскиот „Проспорт“ договорот помеѓу актуелниот македонски шампион и ракометарот е на повидок, а во Битола очекуваат тој да биде големо засилување.
Во изминатиот период неговото име се поврзуваше и со Вардар, а во кариерата настапувaше уште во екипи како, Ајзенах, Лимож и Бенфика, дресот на Динамо го облече пред две години.
Ќе потсетиме, Пелистер вчера го потврди ангажманот на Хрватот, Никола Граховац.
Фото: EPA