Навивач на Пелистер бил приведен во Куманово!

Тензично беше во вчерашното полуфинале помеѓу Куманово и Пелистер, а инцидент имаше и прив влегувањето во салата.

Токму поради тој инцидент дуелот во еден период беше и во прекин. Денеска од СВР Куманово потврдија дека приведен бил еден 20-годишник од Битола. Лицето било приведено поради напад на друго лице во публиката.

– На 13.02.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од Битола затоа што на кошаркарски натпревар во спортската сала Куманово прескокнал ограда и се обидел да нападнал лице од публиката, но бил спречен“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Инаку, навивачите на Пелистер учествуваа и во инцидент по завршувањето на дуелот на враќањето кон Битола во локал на автопатот Скопје – Велес.