Чкембари дивееле и на враќање кон Битола, ги испровоцирало - девојче! (ФОТО)

Екипата на Пелистер беше елиминирана во вчерашниот натпревар против Куманово во четвртфиналето од Купот на Македонија во еден дуел со многу борба, но и прекин, а инцидент се случил и по завршувањето на средбата.

Имено, навивачите на Пелистер кои имаа инцидент и во Куманово при влезот во салата се впуштиле и во уште еден при враќањето за Битола.

Во локал на излезот од Скопје кон Велес Чкембари испровоцирани од девојче во локалот нападнале и уште неколку лица кои во тој момент се наоѓале на тоа место.

Инцидентот започнал кога битолските навивачите кај девојчето забележале обележје на Вардар кое се обиделе истото да го одземат и во тие моменти ги нападнале и останатите присутни лица кои се здобиле со телесни повреди.

Исто така било оштетено и возилото на девојчето и направено неред во локалот, а свои пораки навивачите испишале и на ознаките во близина.