Од играчка - плачка: Го имитираа Борат на трибините во ЛШ, завршија во затвор (ФОТО)
Видео емитувано на казахстанската телевизија прикажа тројца навивачи облечени во костим препознатлив за филмскиот лик, а инцидентот се случил за време на вчерашниот дуел помеѓу Кајрат и Клуб Бриж.
Судот во главниот град Астана соопшти дека тројцата белгиски државјани, идентификувани само со иницијали, се осудени на пет дена затвор поради нарушување на јавниот ред и мир.
„Додека биле под дејство на алкохол на трибините на стадионот Астана Арена, лицата С., Д. и Н. ја соблекле облеката, останувајќи во долна облека и скандирале со цел да привлечат внимание, со што го нарушиле јавниот ред“, соопшти судот.
Тројцата навивачи биле извлечени од публиката и веднаш одведени во полициска станица, потврдил нивниот пријател Матје, кој бил сведок на инцидентот.
„Го направија тоа од забава, но полицијата го сфати како навреда“, изјавил тој за локалните медиуми.
