Нови проблеми во Мадрид: Арбелоа сака да избрка една од ѕвездите!

Тренерот Алваро Арбелоа го наследи Чаби Алонсо на кормилото на Реал Мадрид, а веднаш отпиша фудбалери кои не му се потребни и еден од нив сака да го избрка до крајот на јануари.

„Ел Насионал“ објави дека Трент Александер-Арнолд не е задоволен со статусот во „кралскиот клуб“ и поради тоа закажал итен состанок со Арбелоа.

Арбелоа имал бурна средба со Александер-Арнолд, по што наводно му кажал на фудбалерот дека не е во неговите планови и може да замине до крајот на јануари.

За услугите на англискиот репрезентативец се заинтересирани две екипи, а тоа се Баерн Минхен и Њукасл, кои се очекува да направат конкретни потези во следниот период.

Фото: Facebook/Real Madrid