Вардар во битка со три гиганти за потписот на хрватски репрезентативец!

Eкипата на Вардар неодамна го потврди ангажманот на Леон Љевар, но според последните информации од хрватските медиуми, „црвено-црните“ би можеле да се засилат и со уште еден негов сонародник.

Во прашање е Ивано Павловиќ кој е дел од репрезентацијата на Европското првенство каде што Хрватска се пласираше во втората фаза.

Павловиќ е ракометар на Загреб и во овој клуб настапува од 2024 година претходно беше дел од Извиѓач Љубишки.

Сепак, во текстот се наведува и дека Вардар не е единствен кој се интересира за неговиот потис и дека во игра се уште: ПИК Сегед, Бенфика и Спортинг Лисабон.

Неговиот договор со Загреб има важност до 2029, па кој и да го доведе сигурно ќе треба да плати и одредена отштета.

Фото: EPA