Реал и без трофеи најмногу пари добива - ова се клубовите кои најмногу заработија
Шпанскиот гигант ја предводи листата со приходи од 1,16 милијарди евра, благодарение на зголемување од 23% во комерцијалните приходи, кои изнесуваат 594 милиони евра.
На второто место е Барселона, со приходи од 975 милиони евра, враќајќи се во топ три по пет години. На третото место е германскиот шампион Баерн Минхен со 861 милион евра, додека актуелниот европски шампион, Париз Сен-Жермен се наоѓа на четврто место со 837 милиони евра.
Ливерпул е прв на листата од англиските клубови кои ги пополнуваат местата од петтото од десеттата позиција, Исто така треба да се каже и дека во топ 10 нема ниту еден италијански клуб што доволно зборува за финансиската разлика во овој момент.
КЛУБОВИ СО НАЈГОЛЕМА ЗАРАБОТКА ВО 2025 ГОДИНА
Реал Мадрид – 1,16 милијарди евра
Барселона – 975 милиони евра
Баерн Минхен – 861 милион евра
Париз Сен-Жермен – 837 милиони евра
Ливерпул – 836 милиони евра
Манчестер Сити – 829 милиони евра
Арсенал – 822 милиони евра
Манчестер јунајтед – 793 милиони евра
Тотнем – 673 милиони евра
Челси – 584 милиони евра