Крај на ерата: Касемиро заминува од Манчестер јунајтед! (ФОТО)
Касемиро одигра важна улога во редовите на „ѓаволите“ во изминатите години, но ерата на Бразилецот во Манчестер наскоро завршува.
„Засекогаш ќе го паметам моето патување со Манчестер јунајтед. Од првиот момент кога стапнав на овој убав стадион, почувствував страст и љубов од навивачите. Не е време за збогум, туку да создадеме спомени во следните четири месеци“, објави Касемиро.