Четворица спортисти сo „норма“ ќе ја бранат честа на Македонија на ЗОИ во Кортина!

Македонија подготвено ќе настапи на Зимски Олимписки игри 2026, кои ќе се одржат во Кортина д’Ампецо и Милано (6-22 февруари), а нашата земја ќе ја претставуваат четворица спортисти и тоа со исполнета олимписката норма.

Во нордиско скијање ќе имаме претставници во спринт и во трката на 10 километри со интервален старт. Во женска конкуренција ќе настапи Ана Цветановска, додека кај мажите ќе се натпреварува Ставре Јада. Во алпско скијање, македонските бои ќе ги бранат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски, кои ќе настапат во слалом и велеслалом.

Од Македонски олимписки комитет потврдија дека целиот тим е подготвен за олимпискиот предизвик и дека очекувањата се насочени кон достојни настапи и собирање драгоцено искуство на најголемата светска спортска сцена. Во наредните денови ќе бидат прецизирани и официјалните термини за настапите на македонските олимпијци на ЗОИ.