Португалците збеснаа по поразот од Германија: Тие постигнаа нерегуларен гол!

Португалија загуби од Германија (30-32) во драматичен меч од првата рунда во втората фаза од Европското првенство (ЕП), по што пристигнаа реакции од поразениот тим на судиските одлуки на Куртагиќ и Ветервик.

Во последните моменти од мечот, кога Португалија се обидуваше да израмни, се случи инцидент кој ги налути Португалците.

„Португалските ракометари, а посебно селекторот Пауло Переира беа вознемирени. Германците тргнаа кон средина на теренот и на тој начин ги трошеа последните секунди од мечот. Впечатокот е дека Португалците бараа црвен картон и пенал поради неспортско однесување, а тоа ќе им овозможеше израмнување. Судиите кратко се консултираа, но ги одбија сите преговори, по што мечот беше завршен“, пишуваат данските медиуми.

Проблемот се јавил кога двајца германски ракометари ја преминале линијата на средината на теренот и се наоѓале на португалската половина во момент на изведување на почетниот удар, а Руи Силва го кажа тоа во разговор за „ТВ2 Спорт“.

„Проблемот е тоа што пред ниту еден германски ракометар не смееше да биде на наша половина пред да даде знак судијата. А таму беа двајца. Можеби јас не ги знам правилата“, кажа Силва.

Португалскиот селектор Пабло Переира беше нервозен по натпреварот и тоа не го криеше пред новинарите.

„Во момент на судискиот знак, најмалку еден ракометар беше од другата страна. Тоа е грешка. Судијата мораше да ја запре играта и да ја почне од стартот. Вака постигнаа нерегуларен гол“, кажа Переира.

Переира објасни дека нивното незадоволство доаѓа од гол-разликата, која може да биде пресудна ако повеќе репрезентации завршат со ист број бодови. Доколку Португалија загубеше со еден гол разлика, ќе беше сигурен дека нема да биде во неповолен меѓусебен резултат во случај Германија, Португалија и Данска да завршат со ист број бодови.

Фото: EPA