Барса потврди: Флик без Педри најмалку седум натпревари!
23-годишниот шпански репрезентативец влезе како замена во второто полувреме од победата на Барселона од 4-2 против Славија Прага во Лигата на шампионите, а по натпреварот, Педри се врати во Барселона на дополнителни прегледи, кои потврдија дека ќе биде надвор од теренот до крајот на февруари.
Во тој период, Барселона ја очекуваат седум натпревари, почнувајќи со два последователни дуели на домашен терен: против Овиедо во Ла Лига в недела и против Копенхаген во Лигата на шампионите следната среда.
Потоа следуваат првенствени дуели против Елче, Жирона, Мајорка и Леванте, како и четвртфинале во Купот на кралот против Албасете, закажано за 3 февруари.
Екипата на Ханси Флик би можела да одигра уште два натпревари во Лигата на шампионите, доколку не успее да се пласира директно во осминафиналето.