Aрбелоа веќе отпишал еден фудбалер - може да си бара нов клуб!
Реал минатото лето плати десет милиони евра за да ги обезбеди неговите услуги пред Светското клупско првенство на кое Арнолд дебитираше за „кралевите“ со големи очекувања. Сепак, работите во Мадрид не се одвиваа како што очекуваше.
Честите проблеми со повреди дополнително ја отежнаа ситуацијата за англискиот репрезентативец кој оваа сезона запиша само 11 настапи за Реал, а последниот беше на 3 декември. Според „Ел Национал“ ситуацијата во Мадрид „дошла до точка на пукање“, а привремениот тренер Алваро Арбелоа го известил дека „не е дел од плановите на тимот“.
Поретходно, Чаби Алонсо додека го водеше Реал сугерираше дека на Арнолд треба да му се даде време.
„Трент е врвен играч и ни е потребен. Ова му е прва сезона и периодот на адаптација е нормален. Тој е многу самокритичен и мораме да го поддржиме во оваа голема промена“, изјави тогаш Алонсо.
Во меѓувреме, Алонсо беше сменет, а сè укажува на тоа дека и Арнолд наскоро ќе го напушти клубот, но не се очекува тоа да се случи во овој преоден рок, туку на лето.