Брзо го заборави Луиз: Алиша Леман си фати друг фудбалер (ФОТО+ВИДЕО)

Според многумина најатрактивната фудбалерка на светот, Алиша Леман, има нова љубов. Таа преку социјалните мрежи ја потврди врската со Монтел Мекензи, помалку познат фудбалер и учесник во реалното шоу „Love Island“.

Мекензи вчера го прослави својот 28. роденден, а друштво му правеше токму Леман со која и споделија фотографии на Инстаграм.

Објавените фотографии буквално ги „запалија“ социјалните мрежи, а Леман на тој начин пронајде нова љубов по раскинувањето со бразилскиот фудбалер Даглас Луиз во јуни минатата година. Претходно, Алиша била забележана и на одмор со Мекензи, а новиот пар објави и симпатично видео.

Како што открива извор за „The Sun“, нивната романса започнала во рамки на Белер лигата, каде што, според истиот извор двајцата се вљубиле еден во друг уште на прв поглед.

„Алиша веќе извесно време го носи кај себе во станот во Комо, каде што тајно поминуваат викенди и одмори. Мислам дека Монтел не можел да поверува во својата среќа“, изјавил изворот за британскиот таблоид.

Кога во прашање е фудбалската кариера на Мекензи досега играше за неколку американски и англиски нисколигаши.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MM3 🥷 (@montelmckenzie)