Хрватот Чилиќ и со 37 години гази на Австралија опен – без загубен сет во третото коло!

Ветеранот Марин Чилиќ (37) лесно обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен, откако убедливо го совлада 21. носител Денис Шаповалов (6-4, 6-3, 6-2) по два часа и десет минути игра.

Хрватскиот тенисер од самиот почеток наметна висок ритам и брзо поведе со 2-0, најавувајќи дека нема намера да дозволи неизвесност. Иако Шаповалов накратко се врати во првиот сет и израмни на 4-4, искусниот ас во клучните моменти повторно направи брејк и го освои сетот со 6:4. Во вториот сет беше решавачки само еден брејк, направен од Чилиќ при резултат 3-2, што му овозможи сигурна контрола и водство од 2-0 во сетови. Третиот сет донесе целосна доминација – иако Канаѓанецот успеа да се спаси во првиот гем, по брејкот на Чилиќ при 2-2 отпорот целосно се скрши. Хрватот ги освои сите преостанати гемови и без проблем ја приведе средбата кон крај.

Со оваа победа, Чилиќ продолжува со одличната форма во Мелбурн, каде што во првите две кола сè уште нема загубено сет. Во следната рунда ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Каспер Руд и Жауме Мунар. Хрватот во првото коло беше уште поубедлив, кога го совлада Даниел Алтмајер со 6-0, 6-0, 7-6.

ФОТО: EPA PHOTO