Ѓоковиќ дојде на една победа од историски јубилеј

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се приближи на само чекор од неверојатен рекорд на Гренд слем турнирите.

Toj го победи Италијанецот, Франческо Маестрели со 3-0 во второто коло од Австралија Опен што беше неговата 399. победа на Гренд слем турнирите. Ѓоковиќ ќе има можност да дојде до јубилејниот 400. триумф во кариерата в сабота против Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп.

Ова ќе биде трет дуел помеѓу Србинот и Холанѓанецот, а двајцата имаат по една победа. Ван де Заншулп го изненади Ѓоковиќ на Мастерсот во Индијан Велс минатата година, додека Новак беше подобар во Астана 2022.

Потенцијален ривал на Ѓоковиќ во четвртфиналето е уште еден Италијанец, Лоренцо Музети, а во полуфиналето, двократниот последователен шампион Јаник Синер.